Ѓоковиќ повторно уапсен, потврди брат му!

Драмата во Мелбурн поврзана со Новак Ѓоковиќ продолжува. Имиграционата служба се уште сака да го депортира најдобриот светски тенисер и покрај судската одлука за враќање на визата.

Судијата Ентони Кели посочи дека тенисерот ги следел сите упатства и дека официјалните лица не му дале соодветни информации навреме.

Сепак, братот на Новак Ѓоковиќ потврдил дека тенисерот повторно е уапсен. Според неговата изјава, тенисерот се консултирал со адвокатите и размислувал за опциите.

„Непроспиени ноќи за целото семејство. Минуваме низ многу тешки моменти. Новак покажа колку е упорен и колку верува во своите идеали. Тој е голем човек и се бореше не само за себе, туку и за целиот свет. Системот во Австралија донесе одлука во полза на сите факти и немаше причина за каква било друга одлука, а сега добиваме информации дека очигледно министерот за внатрешни работи е над судот. Дефинитивно ова е политика, сето ова беше политика. Ангажирани сме на сите социјални мрежи и последните информации се дека сакаат да го затворат. Во моментов се консултираме со адвокати и ПР служби. Новак е со своите адвокати во просториите каде што се одржа судењето и тој моментално ги разгледува своите опции. Ова беше голем пораз за австралиските власти и тоа е тешко да се поднесе. Да дојдеше да бара азил, ќе се однесуваа поинаку со него… Имаме јавен транскрипт од судницата, тие го третираа како криминалец, а не како спортист. Проблемот е што според мене односите на Србија со Австралија се нарушени. Ова не е удар за Новак туку за цела Србија. Сега сакаат да го уапсат и депортираат“, изјавил Ѓорѓе Ѓоковиќ за српска ТВ Прва.

Наскоро се очекува одлуката дали Ѓоковиќ ќе остане на слобода во Мелбурн и ќе може да настапи на Австралија Опен или ќе биде депортиран од државата.