Илир Мета во посета на Скопје, на средба со Пендаровски

Албанскиот претседател – Илир Мета од денеска е во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија. За време на посетата, предвидено е Мета да има средба со Претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на шефот на државата.

Од Министерството за внатрешни работи, пак, известуваат дека поради официјалната посета на албанскиот претседател, ќе бидат преземени мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје од денеска, па до среда.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.