Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 11.479 тестови, регистрирани се 1.396 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 790, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31…
Регистрирани сe 348 оздравени пациенти
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78 г), Битола (79 г), Ресен (73 г), Прилеп (76 г) Штип (63 г) и Македонска Каменица (73 г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 – 18.12.2021г.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464, бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.