Од ДУИ реагираат на Фејсбук статус на Таравари

Таравари го цитира Хитлер, да се извини и веднаш да ја избрише објавата

Неверојатно, но за жал вистинито. Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница.

Таравари бесрамно го цитира Хитлер: „пошто народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!“

Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук.

Исто така, сите членови и раководството на неговата партија треба веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари.

Бараме и од академскиот свет, креаторите на јавното мислење, медиумите и новинарите, невладините организации да го кренат својот глас против ваквиот став на Арбен Таравари за коj нема место во нашето општество“ стои во реакцијата од владејачката ДУИ.