Пожар во зграда во Њујорк, најмалку 54 повредени

Американските медиуми јавуваа за пожар што избувнал во 11 часот по локално време во Бронкс – Њујорк, а во кој најмалку 54 лица се повредени.

Од нив 31 лице се здобило со повреди опасни по животот.

Над 200 пожарникари пристигнаа на местото на пожарот што избувнал во дуплекс на третиот кат од зграда, а многу од повредените биле на горните катови во моментот на пожарот.

На местото на несреќата лекарска помош добиле 19 лица, додека останатите повредени се префрлени во локалните болници.