За едно деноноќие 3.349 позитивни на Ковид 19 во Словенија

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 3.349 нови инфекции со коронавирус, а починале 6 лица.

Загрижува податокот што над 45% од тестираните, вкупно 7.416 граѓани, биле позитивни на вирусот.

Според експертите од Медицинскиот факултет во Љубљана, бројот на откриени инфекции се удвојува за една недела.