Петарда му експлодира во рака, момче остана без четири прсти

Петарда експлодирала во раката на деветгодишно момче во Загреб, поради што останало без четири прсти. Лекарите се обидуваат да му ја спасат раката, но прстите биле целосно уништени.

На момчето му се загрозени и дишните патишта, поради што пред операцијата во средата морале да го стават на респираторен систем за дишење.

„Кај нас беше донесен од Итна помош и веднаш ја започнавме операцијата, но за жал не можеше да се спасат четири прсти, остана само палецот – рече дежурниот доктор и најави прес-конференцијата по операцијата. Од експлозијата на момчето му биле скршени коските во раката, пренесе Вечерни.хр

– Ќе се обидеме да спасиме се што можеме за момчето да има најдобра можна функција на раката, сепак ова е една од најтешките несреќи со петарда што сме имале шанса да ја видиме. Секоја година за време на празниците примаме повредени деца кои се повредуваат од петарди и други експлозивни направи, но ова е еден од најлошите случаи – изјави дежурниот доктор.

Тој апелираше до сите да не им даваат на децата петарди. Во овој случај, рече тој, станува збор за голема петарда долга десет сантиметри која експлодирала откако ја запалил со кибрит.