За само неколку дена заработил, па загубил 30 милијарди долари
Милијардерот Илон Маск во првата недела од јануари за само неколку дена заработил, а потоа и ги изгубил околу 30 милијарди долари.
Форбс објавува дека извршниот директор на „Тесла” има околу 271 милијарда долари, а пред три дена, поради скокот на вредноста на акциите од 13,5 отсто, неговото богатство беше проценето на повеќе од 300 милијарди долари, за првпат од ноември.
Сепак, Маск изгубил 13,9 милијарди само во средата и уште 5,3 милијарди денеска.
На затворањето на берзата, акциите на „Тесла” вредеа 11 отсто помалку отколку во понеделникот.