За 10 години Бугарија има 844.000 граѓани помалку

Бројот на населението на Бугарија се намалува, а новите мерења покажуваат дека сега државата има 6,5 милиони луѓе.

Тоа значи дека има помалку 844.000 луѓе во споредба со пописот во 2011 година.

Овие податоци ги претстави Националниот статистички институт (НСИ) како прелиминарна проценка на пописот спроведен во септември-октомври минатата година.

Овој таканаречен демографскиот колапс се должи пред се на нискиот наталитет, високата смртност и миграцијата.

Земјата, како и сега, имала сличен број жители уште во 1934 година.

Највисоката бројка на население во Бугарија била во 1985 година – 8,94 милиони луѓе.

Само во главниот град – Софија има пораст на населението од 2011 година, за 14,7%, или 189.000 луѓе.

Главниот град има 1,48 милиони жители.

Конечните податоци од пописот во 2021 година ќе бидат објавени на крајот на 2022 година.