Кире Лазаров: Господ да ни го чува паметот, да сме скромни, да сме горди како Македонци!

„Ова ЕП е најважно за нашата репрезентација затоа што имаме континуитет во изминатите 10 години, најуспешна национана селекција сме, успеавме да се пласираме – а очекувања, треба да верувате дека може да направите успех. Сепак, цврсто стоиме на земја, имаме силна група, силни противници, Словенија, Данска и Црна Гора, но нема да се предадеме. Имаме огромен респект кон противнциите. Оваа репрезентација е гледана – сакана кога победува и мразена кога губи“ вели капитенот на македонската ракометна репрезентација, а воедно и селектор на националниот тим – Кире Лазаров во божиќното издание на Трилинг.

Лазаров како најголема желба во 2022 година вели „да сме живи и здрави, да го работи спортот, да ни го чува Господ паметот, да сме скромни, да сме горди како Македонци и да не брзаме за некои работи кои не сме ги заслужиле“.

Директорот на ракометната репрезентација, пак, Левче Китевски рече дека „подготвени го очекуваме овој почеток. Секој старт носи новини и проблеми, на спортскиот дел, затоа што во организациски условите се беспрекорни“.