Во кафезот е 9 години иако не е криминалец, а сега го прашуваат само за Ѓоковиќ

Во истиот хотел за мигранти каде што е сместен првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ има имигранти кои со години се таму.

Еден од нив е Мехди Али. Тој 9 години е во хотелот, и вели дека никој не се интересира за нивната судбина.

„Тажно е дека толку многу новинари ме контактираа вчера да ме прашаат за Ѓоковиќ. Јас сум во кафезов 9 години, денеска полнам 24, и се што сакате вие е да зборувам за тоа. Преправајќи се дека се загрижени ме прашуваат како сум, и веднаш потоа ми поставуваат прашања за Ѓоковиќ“, вели Мехди Али.

Али како 15-годишник од Иран пребегал во Австралија, бил жртва на прогон на арапското малцинство во Ахвази. Австралиските власти го запреле бродот со мигранти и патниците ги однеле во фабрика на Божиќните острови, австралиска територија која се наоаѓа блиску до брегот на Индонезија.

По 90 дена поминати таму бил пренесен во имиграциски логор на островот Науру. А во 2019 година бил префрлен во Мелбурн во хотелот каде што е сега.

Мехди е само една од тие судбини, тој е тажен затоа што животот му поминувам таму, а вели дека никогаш не бил криминалец, ниту го прекршил законот.