Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел ги коментираше последните настани во Косово каде тензиите се високи. Тој посочи дека состојбата е загрижувачка и испрати пораки до лидерите.
„Мислевме дека работите се смирија по договорот, но повторно косовските Срби одговорија на апсењата на косовските Срби од полицијата преку проблеми на улиците, блокирајќи ги улиците и фрлајќи шок бомби врз некои од нашите полицајци. Мора да разберете дека тоа е неприфатливо“, изјави Борел.
Тој изјави дека знае оти двете страни се подготвени да ги деескалираат тензиите и упати силен повик до нив да го сторат тоа. Тој рече дека контактирал со премиерот на Косово, Албин Курти и со Мирослав Лајчак, претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Овие промени во однесувањето на јавноста, ова насилство, се неприфатливи. Мора да се вратат на дијалогот. Тие мора да ја надминат нивната тенденција да се борат на улиците и да создаваат блокади. Ова не е начин да се бара решение, не е начин да се продолжат разговорите, не се гледа кон решенија, не се бара процесот на нормализација во кој се вклучени“, заклучи тој.