„ЕУ не прави ништо и со тоа ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел“. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го вели Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон. На прашањето дали „постои замор од проширувањето во ЕУ“ вели:
„Заморот од проширувањето е голем проблем затоа што тоа е подарок за српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на гласачите може да им го претстави како несериозност и незаинтересираност на европските партнери, да укаже на пример на Северна Македонија, која е блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ. Унијата не прави ништо, како и Германија за време на нејзиното претседавање, со што ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел. Вучиќ може да каже дека Северна Македонија дури и го смени името за да го деблокира патот за евроатлантска интеграција, а официјална Софија сега го кочи. Во право е и Вучиќ кога го тврди тоа. Прашањето е како да се реши овој проблем“ – вели Џозеф.