Радев: Ќе се решат сите прашања, ние сме најголем поддржувач на ЕУ-интеграцијата на братска Р.С. Македонија

„Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и особено на братска Република Северна Македонија“ рече бугарскиот претседател, Румен Радев кој потенцира дека „верува оти сите ветувања и заложби на С. Македонија за спроведување на билатералниот договор ќе бидат исполнети со цел да се забрза процесот на нејзината европска интеграција“.

Радев очекува дека „ќе се решат сите отворени прашања, како што се гарантирањето на уставните гаранции за правата на македонските Бугари, откажувањето од говорот на омраза, завршувањето на процесите на дебугаризација, на фалсификувањето на нашето милениумско културно-историско наследство што ќе помогнат и ќе го забрзаат процесот за да можеме да ја отвориме вратата за преговори за членство на земјата“.