Откажани над 100 летови во Токио поради снежни врнежи

Повеќе од 100 авионски летови се откажани во Токио денеска поради обилен снег.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека до 10 сантиметри снег може да паднат во период од 12 часа, а издадено е предупредување за обилен снег за областа Токио – првпат од 2018 година.

Доцнеле и некои приградски возови во Токио поради обилниот снег, а метеоролошката агенција ги предупредила жителите дека „потребна е внимателност поради обилен снег“ во центарот на Токио.

Обично, во Токио снег паѓа еднаш или двапати во текот на зимата, но задржувањето на снежната покривка е ретко.