Пендаровски: Нека големиот празник ни даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија

Празникот на Христовото Раѓање, Божик, нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество“ се вели меѓудругото во честитката на претседателот на државата Стево Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик.

Пендаровски во честитката посакува празникот сите граѓани да го поминат во добро здравје, во радост и во среќа.

„Нека големиот празник ни даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји  и искушенија и нека нѐ инспирира на благородност, добродетелство, солидарност и заедништво. Со искрена верба и со длабока самодоверба да креираме успех и благосостојба, Христос се роди!“ – напиша Пендаровски.