Во 2021 година цената на храната рекордно висока

Во изминатата 2021 година светските цени на храната скокнаа за 28% – највисоко ниво во изминатите 10 години. Мала е надежта за враќање на постабилните пазарни услови оваа година, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство – ФАО.

Индексот на ФАО, што ги следи најпродаваните прехранбени производи во просек изнесуваше 125,7 поени, што е највисоко ниво од 131,9 поени во 2011 година.

Повисоките цени на храната придонесоа за зголемување на инфлацијата бидејќи економиите закрепнуваат од кризата со коронавирусот.

Од ФАО предупредија дека повисоките цени ги ставаат на ризик посиромашните луѓе во земјите зависни од увоз.

„Во своето последно ажурирање, агенцијата направи внимателна проценка дали ценовните притисоци би можеле да се намалат оваа година. Иако високите цени обично отстапуваат место за растот на производството, зголемувањето на цените на суровините, тековната глобална пандемија и неизвесните климатски услови не предизвикуваат голем оптимизам за враќање на постабилни пазарни услови во 2022 година“ – наведуваат од ФАО.