Мелони ги поддржа земјите од Западен Балкан: Можете да сметате на Италија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Тирана истакна дека земјите од ЕУ имаат голема одговорност кон земјите од Западен Балкан.

Пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, Мелони подвлече дека оваа одговорност стана уште поголема по интервенцијата на Русија против Украина.

„Важно е да ја зајакнеме процедурата за пристапување на тие земји во ЕУ. Мислам дека има прашања за кои треба да соработуваме, од економијата до кибербезбедноста и многу други“ – објасни таа.

Италија, нагласува Мелони, е посветена на приближување на Западен Балкан до ЕУ.

„Можете да сметате на Италија“ – заклучи таа.