Новата претседателка на Судски совет пријавила два стана во Скопје, злато и скапоцени часовни

Таа има стан во Скопје од 54 метри квадратни како нејзин личен имот, за кој нема податоци колку чини, а нејзиниот сопруг поседува исто така стан во главниот град на државава, но малку поголем, од 62 метри квадратни. И за него нема податок колкава е неговата моментална вредност, објави Фактор.мк.

Сопругот го стекнал станот во Скопје по пат на купопродажба, а таа го стекнала на друг начин.

Ова е дел од имотот кој го пријавила во Антикорупциската комисија Весна Дамева, тогаш како членка на Судскиот совет, а сега новоизбрана претседателка на таа институција, која се смета за главен филтер за судиите, односно ја оценува нивната работа.

Како заеднички имот двајцата поседуваат благородни метали, односно златен и друг накит, со вредност од околу 20 илјади евра, како и уметнички слики од нецели 10 илјади евра. За нив не е објавен податок во имотниот лист на кој начин се стекнати.

Како имот на брачниот другар се пријавени и скапоцени часовници, кои вредат 24 илјади евра, како и моторно возило Ауди А6, со вредност од околу 16 илјади евра. И за нив нема подсаток на кој начин се стекнати.

Брачниот другар пријавил и акции чија вредност не е наведена, а се купени, како и удели од по 33 и 50 отсто во одредени фирми, за кои е наведено дека се стекнати на друг начин.

Сопругот на Дамева, како што е наведено во нејзиниот анкетен лист, поседува и две побарувања по основ на даден заем, и тоа едното од 1,7 и второто од три милиони денари, за кои не е даден податок како се стекнати.

Тој има и дебитна и кредитна картичка, како и трансакциска сметка.

Дамева како имот на децата, пак, пријавила и 3.612 евра и 206 долари, како подарок, како и орочен денарски депозит од 87.985 евра, стекнат со договор за подарок. Децата поседуваат и трансакциски сметки.

Брачниот другар на новата претседателка на Судски совет поседува и банкарски сеф во кој има 2,2 милиони, но не е наведено во која валута, а таа лично има кредит од 320 илјади, исто така непознато во која валута.

Таа ја повика „Државната комисија за спречување на корупција да испита дали Весна Дамева како член на партиска комисија и член на СДСМ смее да биде претседател на оваа институција“.