Австрија со нов закон за несовесните возачи

Покрај возачката дозвола, ќе биде одземен и  автомобилот на возачите кои значително ја надминуваат дозволената брзина, соопшти денеска Министерството за транспорт.Ова го предвидува новиот закон на Австрија кој е во тек на подготовка.

На патиштата има премногу луѓе за кои не функционираат казните и дополнителната едукација – вели Гевеслер, одговорната министерка.Таа при претставувањето на предлог-законот изјави дека на тие лица мора да им се одземе нивното оружје.

Во предлог-законот стои дека на возачите кои ќе ја надминат дозволената брзина од 60 километри на час во населено место или 70 километри на час надвор од населено место, автомобилот ќе им биде одземен на лице место во период од две недели.

Доколку се покаже дека возачот веќе извршил драстично ограничување на брзината, автомобилот би можел да се продаде на аукција, пренесуваат агенциите.

Ако се надмине брзината од 80 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор, автомобилот веднаш би бил одземен и продаден.

Ова би се однесувало на оние возачи кои на автопатот во Австрија ќе бидат фатени со брзина од 220 километри на час, каде што максималната дозволена брзина е 130 километри на час.

– Со брзините за кои зборуваме, ниту еден возач веќе нема целосна контрола над својот автомобил – смета таа.

Властите во Австрија годишно забележуваат од 400 до 450 случаи во кои би можел да се примени новиот закон.

Законот би можел да стапи на сила кон средината на следната година.