Лoрер: Бугарски национален интерес е С. Македонија да се приклучи кон ЕУ
„Со продолжен и позитивен дијалог со македонската страна ќе бидат постигнати условите, не само историски, туку и економски, академски, како и културни за врските меѓу двете држави. Тоа треба да се случи за да се почуствува секоја од двете страни далеку посигурна во тој дијалог“ смета Даниел Лорер од „Промената продолжува“.
„Бугарски национален интерес е Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија, пат на кој следен чекор е почеток на преговорите со Скопје. Отворањето на преговорите со Република Северна Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија“ – изјави бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер за „БНР“.
Лорер нагласи дека национален интерес е и Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, која е опколена со исти такви соседи.
Бугарскиот министер за иновации посочи дека за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ.