Вигенин се надева дека нема да има импровизирани изјави за Македонија

Екс-министерот за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин на ФБ напиша дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија има јасен став за европската перспектива на Република Северна Македонија. Тој пишува дека оваа тема останува еден од најголемите предизвици за Бугарија и бугарската влада во областа на надворешната и европската политика.

Според Вигенин, одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес. Тој смета дека Советодавниот совет за национална безбедност свикан од претседателот на Бугарија е добра можност да се добијат нови информации и да се споделат политичките ставови за следните чекори.

Вигенин заклучува дека секој збор е важен, и затоа се надева дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум.