
Снежно невреме го парализираше главниот град на САД. Официјално, наврнале 17 сантиметри снег, но сообраќајот бил отежнат.
Температурите се од -7 минус до +2 Целзиусови степени.
Силната снежна бура остави околу 500.000 луѓе без струја во југоисточниот дел на земјата, а сега се движи кон источниот брег, додека Вашингтон и федералните служби полека се затвораат поради невремето.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување и предвидува дека во некои области ќе паднат од 20 до 30 сантиметри снег.