Борис Џонсон од денес е почесен граѓанин на Киев

Градскиот совет на Киев го прогласи денес поранешниот британски премиер Борис Џонсон за почесен граѓанин, соопшти градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

„Градскиот совет на Киев донесе одлука на големиот пријател Борис Џонсон да му додели звање „почесен граѓанин на Киев“, напиша Кличко на својот Телеграф канал.