„Прво САД кои толку инсистираат на членство на Македонија во ЕУ, да ја стават Бугарија на листата земји чии граѓани без визи ќе може да патуваат на нивна територија, па Бугарија да стане полноправна членка на шенген зоната на Европската Унија, па дури тогаш, Македонија ќе може да стане членка на ЕУ’. Ова е ставот на лидерот на партијата „Има таков народ“ – Слави Трифонов.
„Бидејќи Американците толку многу сакаат Северна Македонија да е во Европската Унија, нека на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, не им треба визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските граѓани, бидејќи се Европејци, треба да не им требаат визи за да одат во Америка. И второ, повторно, бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. По чекање, чекање и ние треба да бидеме Европејци. Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за Америка и за членките на Шенген зоната. Штом САД и ЕУ сакаат да бидеме лојални партнери, добро, но лојалноста е двонасочна. Ние ќе им бидеме лојални, но тие нека ни бидат лојални. Ова е фер. И така е правилно. Под овие услови, и доколку Македонците, извинете – Северномакедонците, ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, можеме да го започнеме преговарачкиот процес за прием на Северна Македонија во Европската Унија“ – вели Трифонов.