Анкета на ИПСОС: Заев како премиер има лош резултат, а борбата со корупцијата – незадоволителна

За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1.023 испитаника на територијата на цела држава, запазувајќи ги демографските карактеристики.

Во истражувањето биле вклучени повеќе прашања.

  1. Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?

Лош резултат од работата 53%

Добар резултат од работата 29%

  1. Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?

Незадоволителна 64%

Задоволителна 29%

  1. Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:

Незадоволни 55%

Задоволни 37%