
Во морскиот дел меѓу островите Касос и Крит, час и половина по полноќ беше регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени, што бил почувствуван во повеќе делови на земјата, а нема информации за повредени или материјална штета.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 62 километри северозападно од Касос, додека пак Евро- медитеранскиот сеизмолошки центар издал предупредување за цунами.
Сеизмологот Ефтимиос Лекас за грчката телевизија ЕРТ објасни дека предупредување е веќе поништено и дека не постои причина за загриженост.