Почина четиригодишниот син на пејачот Маријан Стојаноски

Почина четиригодишниот син на македонскиот пејач Маријан Стојаноски, Петар. Тажната вест денеска ја објави Стојаноски на својот профил на Фејсбук.

Почина четиригодишниот син на македонскиот пејач Маријан Стојаноски, Петар. Тажната вест денеска ја објави Стојаноски на својот профил на Фејсбук.

Засега нема објавени информации за причината за смртта на детето, ниту други детали за трагичниот настан.

Петар е роден во декември 2021 година. Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа имаа три деца. Семејството во изминатите години главно го чуваше приватниот живот подалеку од јавноста.

Маријан Стојаноски е познат на македонската публика по својата музичка кариера и поп-хитовите со кои беше присутен на домашната сцена во почетокот на 2000-тите. Во последните години поретко настапува на естрадата, но остана активен во музиката и работи во Националната опера и балет. Во интервју од 2021 година тој зборуваше дека повторно почнал да пишува песни, но дека работата во Македонската опера и балет за него има посебно значење.

Стојаноски во јавноста ретко зборува за приватниот живот. Во едно од своите поретки интервјуа тој говореше за татковството и семејството, истакнувајќи дека раѓањето на неговата прва ќерка значително му го променило погледот кон животот.

Веста за смртта на Петар беше објавена без дополнителни детали, а на социјалните мрежи следуваа пораки со сочувство до семејството.