Првото бебе кое се роди годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека се родени уште две бебиња, едното две минути по полноќ, а другото во 5 часот утринава, и тоа во Ковид-центарот. Мајката е позитивна на коронавирусот.
„Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш после полноќ, а во втората уште едно бебе е породено. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно. Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри“ – рече Филипче.
Филипче информираше дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациетни, од кои 11 во состојба на алкохолизираност.
Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти кои се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа.