На Токсикологија на новогодишната ноќ примени 17 пациенти

Од Универзитетската Клиника за токсикологија во Скопје информираат дека на новогодишната ноќ имало 17 алкохолни интоксикации, од кои 7 се кај малолетници меѓу 14 и 17 години.

10 од нив биле машки, а 7 женски лица. Ниту еден од нив не е задржан на понатамошни лекувања.

Од брзата помош и од Токсикологија во пресрет на празниците апелираат на умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди.

За хронично болните, пак, се препорачува редовно да ја земаат терапијата.