Прво се извини, па посака среќна нова 2022 година

Со видеопорака, новата година ја честиташе премиерот на Албанија- Еди Рама, посакувајќи здравје и благосостојба во семејствата, но прво до Албанците упати големо извинување.

Извинувањето на Рама се однесува за сè што не кажал или не можел да направи како што треба во годината што ја оставивме зад нас, притоа уверувајќи ги сите дека за довербата на граѓаните ќе направи сè што е потребно и ќе биде во нивна служба.

„Колку побрзо излеземе од секојдневните логори на поделби и несогласувања, повеќе да се слушаме еден со друг, да се зближуваме под знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали со поглед кон европската иднина на Албанија, со цел да си помагаме што повеќе во совладувањето на проблемите и остварувањето на добрите цели, толку побрзо како држава и како албанско братство ќе се искачиме на посакуваниот врв“ – рече Рама.