Заменик претседателката на СДСМ – Сања Лукаревска во денешното гостување на ТВ24 истакна дека сите политички субјекти треба да се приклучат на процесот на интеграција кон ЕУ, затоа што тоа е државна стратешка цел.
– Добро е што се случи средбата во Собрание и за поздравување е мотивот на претседателот Ковачевски на една маса да седне со сите лидери на партиите во Собранието и да се разговара за клучни теми и стратешки цели затоа што само со заеднички дијалог може да се дојде до решение. Многу е битно да заедно да го изодиме европскиот пат и затоа сите пратеници треба да покажат одговорност, тие треба да имаат визија за тоа каде треба да оди државата, а партиите да се водат пред се од државните, а не од партиските интереси. Ги започнавме преговорите со ЕУ, Договорот со Фронтекс го потпишавме на македонски јазик и има добар напредок што треба да го искористиме“ порача Лукаревска.
Лукаревска посочи дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека нема да има предвремени парламентарни избори.