Власта не се откажува, скопските топлани ќе работат на дизел, скопјани ќе ги полнат амбулантите
Експертите и здруженијата за заштита на животната средина предупредуваа и предупредуваат дека употребата на дизелот како енергенс за работа на скопските топлани за греење на 60.000 домови во Скопје значи сериозни финансиски и еколошки импликации. Засега нема поинаков одговор од власта, освен информацијата дека дизелот е подобар од мазутот.
Да, велат експертите, мазутот повеќе загадува од дизелот, ама и дизелот многу повеќе загадува од природниот гас чија цена е во пад, а и веќе не е проблем да се набави.
Употребата на дизелот за работа на топланите преку кои 60.000 домаќинства во Скопје го решаваат прашањето за греење, ќе биде штетна за здравјето на граѓаните, но и за државниот буџет? Климатските услови засега се подобни во однос на потребата за поголема испорака на топлина, но и во ваква ситуација загадувањето на воздухот во Скопје бележи нагорен раст.
Засега, АД ЕСМ не се предомислува и останува на одлуката дека од 15 ноември ќе почне пробно да користи дизел за топланите Исток и Запад. Согорувањето и на дизелот и на мазутот предизвикуваат загадување на воздухот со штетните ПМ-честички и со азот диоксид.
Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ ја оцени најавата на ЕСМ како несериозно и непотребно користење на многу штетно гориво за работата на топланите во ситуација кога постои опција тие да работат на природен гас, поеколошко и поекономично гориво. Во моментов, цената на природниот гас на светските берзи е пониска од таа на дизелот, чија цена континуирано расте и се очекува и понатаму да урива рекорди.
„Еко-свест“ посочи дека користењето дизел би било краткорочно решение кое е спроведено нетранспарентно, а ќе донесе долгорочни штетни последици по здравјето на граѓаните на Скопје.
Сличен став искажа и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој потенцираше дека доколку постојат услови, треба што е можно повеќе да се користи природниот гас за произведување топлинска енергија, најмногу поради неговата цена, но и минималниот негативен ефект што го има врз загадувањето на воздухот за разлика од согорувањето на дизелот.
Деновиве мерните станици регистрираат поголемо загадување, а во болниците расте бројот на граѓани кои бараат лекарска помош поради респираторни проблеми. Скопје со години на