Струјата поскапува до 10,3%, а ќе се укине ефтината тарифа
„Укинување на ефтината тарифа на струја и зголемување на цената меѓу 9,8 и 10,3 отсто“.
Ова е неофицијално е предлогот на регулаторите кој го ставиле на маса пред претставниците на трите енергетски компании на денешната подготвителна седница, јавува тв Телма.
На седницата, според нив, имало жестока дебата во која регулаторите ја бранеле својата пресметка, додека претставниците на МЕПСО и Електродистрибуција пак соопштиле дека со ова покачување компаниите нема да имаат за исплата на плати и брзо ќе ја загубат ликвидноста.
Компаниите имаат можност да поднесат жалба на пресметката на Регулаторна во рок од 24 часа, па според информациите на Телма, тоа и ќе го сторат. Може да се очекува дека цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од 1. јануари ќе биде соопштена утре.