Мијалков ја напушти Шутка

Сашо Мијалков, вечерва околу 19.10 часот излегол од затворот „Скопје“ од Шуто Оризари, потврдиле од Управата на затворот, пренесува „360 степени“.

Мијалков го напушта притворското одделение откако денеска Апелацискиот суд во Скопје го укина притворот кој му го определи Кривичниот совет во Основниот кривичен суд минатата среда за предметот „Плацови на Водно“ каде тој е еден од обвинетите.

Мијалков во притвор беше од 26 февруари годинава односно од изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“ каде неправосилно е осуден на 12 години затвор.

Апелацискиот суд реши да го укине притворот, прифаќајќи ја гаранција од над 11 милиони евра, со дополнителни мерки на претпазливост: одземање на пасоши и обврска да се јавува во судот.