БЕГ бараат парното да поскапе за 300%,

Компанијата БЕГ од Регулаторната комисија за енергетика побарала зголемување на цената на парното за 300 отсто од идниот месец.

Регулаторите потврдија за барањето, и потенцираа дека тоа се темели на драстичниот раст на цената на природниот гас на светските берзи.

Доплнителни анализи ќе следуваат откако БЕГ ќе достави договор за набавка на природен гас во кој ќе биде дефинирана и цената.

Од Комисијата најавија дека поради кризата, ќе бараат од институциите финансиски да ги помогнат граѓаните кои користат парно.

Согласно Правилникот за регулирање на цени за топлинска енергија и системски услуги донесен од стана на Регулаторната комисија, друштвата кои се носители на лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија имаат обврска, до РКЕ да достават податоци за

Најголем дел од домаќинствата кај нас, околу 60.000 се снабдуваат со парно греење од БЕГ. На мрежата на ЕСМ Енергетика се приклучени околу 4.000 корисници, а најмалку има на Скопје Север – околу 500.

Последен пат корекција на цената на парното имаше во јуни годинава.