Мијалков, сепак, излегува од притвор

Екс-директорот на УБК – Сашо Мијалков излегува од притвор откако Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одлуката на Кривичниот суд.

На Сашо Мијалков му беше одреден притвор за случајот „Плацеви на Водно“,а претходно Апелацискиот суд ја прифати неговата гаранција од над 11 милиони евра дека тој нема да избега од државата.

Гаранцијата се состои и во недвижен и во подвижен имот.

Мијалков во затворот „Скопје“ во скопско Шуто Оризари од 26. февруари годинава, откако претходно беше во куќен притвор.

Мерката притвор на Мијалков му беше изречена и во врска со предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.

Сепак, тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет – Тврдина“ со која е осуден на 12 години затвор, а обвинет е и во случаите „Плацови на Водно“ и „Титаник 2“, а осомничен е и во предметот „Империја“.

Во „Тортура“ доби ослободителна пресуда.