На Драги Рашковски ќе му се суди за набавката на софтверот

Скопскиот Кривичен суд денеска соопшти дека обвинителниот акт против екс-генералниот секретар на Владата – Драги Рашковски и уште 6 лица за нелегалната набавка на софтвер и перење пари поднесен од ОЈО на 8. октомври е одобрен во целост.

Рашковски е обвинет во случајот со набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци преку фирмата „Инвока груп“ кој што МВР со месеци не го користело, како и за оштетување на буџетот за 100.000 евра со незаконито спроведување на јавна набавка.

Владата, во меѓувреме, ги раскина договорите со друштвото „Инвока груп“.

Едниот за групна набавка од 28.2.2020 година и вториот, Договор за набавка на услуги-одржување на софтвер за полагање испити на државните институции, од 11.8.2020.