Лидер на бугарска парламентарна партија: Македонија е бугарска!

Лидерот на бугарската парламентарна партија Преродба – Костадин Костадинов од собраниската говорница го дефинираше отворањето на македонскиот клуб во Благоевград како обид за провокација.

„Во неделата бевме сведоци на обид за провокација – за постоењето на едно непостоечко малцинство во Бугарија, организирано директно или индиректно од нашата соседна земја. Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров“ – изјави Костадинов, пренесува „БНТ“.

Според него, ова нема да биде единствената ваква провокација:

„Пред четири месеци, кога го укинавме ветото предупредивме дека се отвора Пандорината кутија. Во Скопје е потпишан договорсо ЕК – договорот за заедничко обезбедување со „Фронтекс“ е потпишан на таканаречениот македонски јазик кој може да стане официјален во ЕУ. Логиката на ветото е да се решат сите прашања пред почетокот на преговарачкиот процес. Сето тоа ја потврди загриженоста на Преродба“ – додаде тој.

Ќе настрадаат сите бугарски организации во Македонија, дециден е Костадинов.

„Ќе зборуваме за бугарската историја – во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска“ заклучи тој.