Покана за лидерска средба не е доставена до ВМРО-ДПМНЕ, главна тема на една таква лидерска средба би требало да биде за предвремени парламентарни избори, бидејќи не гледаме дека Владата е стабилна за да може да отвора сериозни теми како промена на Устав, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во Тема на денот што се емитува во централниот Дневник на телевизија Сител.