Струјата од ТЕ-ТО оди на слободен пазар, индустријата нема да добие цена пониска од берзанската
Дел од фирмите остануваат да плаќаат берзантска цена за мегават час струја. Електричната енергија која „ТЕ- ТО“ ќе ја произведе ќе ја пласира на отворен пазар од каде што домашната индустрија ќе може да ја купи.
Денеска цената на мегават час, според берзата „ХУПЕКС“ е 130 евра но веќе утре таа ќе изнесува 204 евра а во пиковите дури двојно 258 евра за мегават час.
Како ќе се движи во наредниот период засега е тешко да се предвиди. Според премеирот Ковачевски електричната енергија на слободниот пазар е поефтина од минатите неколку месеци и е со достапна цена.
Барањата на бизнис секторот и Коморите струјата од „ТЕ – ТО“ да биде намента за нив и со цена пониска од берзантската засега извисија. Вчера Владата односно ЕСМ набави гас за потребите на топланите Исток и Запад за наредните 15 дена додека за КОГЕЛ до крајот на месец ноември. Од државните електрани уверуваат дека набавката на краток рок во овие услови е подбра опција бидејќи цената на гасот на берзата е во пад.
Како дел од антикризните мерки Владата донесе одлука со која поефтина струја по цена од 80 евра обезбеди за компаниите призводители на основните прехрамбени продукти ќе одат под капата на ЕСМ продажба. Станува збор за околу 200 компании кои произведуваат млеко и млечни производи, пекарско мелничката индустрија,комапниите кои се бават со производство на масло и масти и месната индустрија.