Во април замина со семејството низ Европа, со камп приколка.
„Голем предизвик, колку и да планираш, кога ќе влезеш во авантурата, се си доаѓа само по себе. Во Скандинавија беше веднаш подруго. Ок беше што во тие 6 месеци покриваш мала километража на дневна основа“ – вели Драган Тапшанов – фотограф кој со својата камп приколка го обиколува светот.
Тој вели дека со двегодишниот син Марк „се другари“, секаде се заедно, а Драган вели дека како родител „имаме повеќе страв кога сме тука, за разлика од она кога сме во природа. Имаме самодоверба, она што него го учиме да биде едно со природата, е затоа што сметаме дека нема место за страв“.
„Европа ја сакаме најмногу, мал простор со премногу култура. Не можеш да имаш една омилена држава, се е интересно. За место со најголем впечаток, Шведска е одлична за со мало дете. Немавме план, само знаевме каде сакаме да стигнеме, само знаевме што сакавме да видиме“ вели тој.
„Сакавме да одиме преку Русија, но не сакавме да ризикуваме, не посетивме многу места во Полска, го променивме патувањето“ вели тој.