Кеџо: Решавање на проблемите во Македонија – евроатланска интеграција и зајакнување на институциите и демократските лостови во земјата

Интервјуто со проф. д-р Кеџо го водеше Игор Стојанов

„Нешто што не го кажував како дипломат, кога ќе дојдете како амбасадор во земја која нема средена граница, која се вика ФИРОМ, има прилично несреден статус, со многу проблеми… Сега сигурно има помалку проблеми, но… Македонија и денеска, она што јас го гледам како проблем е евроатланската интеграција и зајакнување на институциите и демократските лостови во земјата. Без тоа нема да може. Ова го кажав и како гостин на хрватското радио, изразив страв Македонија да не биде измамена, дека меѓународната заедница многу ветува, а понекогаш не го дава сето она кое го ветува. Голем залак е промена на името, би било чесно, заслужувате награда“ – вели професор доктор Здравко Кеџо, претседател на програмскиот совет на ХРТ во најновото издание на Трилинг.

„Ако не си помогнете сами – никој нема да ви помогне. Не се може без партнери, но без оглед на се, во национална смисла, моето искуство е дека ние сами себе си направивме, меѓудругото и проблеми. Но многу е важен фактот земјата да направи се за да ја оствари целта“ смета Кеџо кој бил заменик хрватски амбасадор во Македонија.

Кеџо вели дека хрватскиот јавен сервис не е лош, но смета дека државата не треба да ја бира програмата (конкретно ХРТ), со програмата треба да се занимава струката.

„Незадоволен сум што јавниот сектор има многу поделби, луѓе кои се различни. Секоја промена на власта ја менува сопственичката структура. Не мора да сме најгледани и најслушани, но нашата информација мора да е веродостојна“ смета Кеџо.