ГЕРБ на Борисов го прифаќа предлогот за ротирачко претседателство во бугарското собрание

ГЕРБ го прифаќа предлогот на „Демократска Бугарија“ за ротирачко претседателство на бугарскиот парламент со „Продолжуваме со промената“, објави агенцијата БГНЕС.

Одлуката ја соопштил лидерот на партијата Бојко Борисов по итниот состанок на Извршниот комитет на партијата, а неговата изјава била пренесувана во живо.

-Народот не го заслужува ова што денеска се случи во парламентот. Ние не се заинативме, рече Борисов.

-Финансиски, политички, миграциски, енергетски – секое друго што ќе го примените за криза е факт и ние продолжуваме да се занимаваме со кој и да е претседател на Народното собрание, рекол Борисов.

-Христо Иванов и „Да, Бугарија“ даваат разумен предлог и им благодарам. Важно е тоа да функционира веднаш, додал лидерот на ГЕРБ.

-Утре на претседателскиот совет да ја изразиме нашата поддршка за овој предлог и да се деблокира работата на Народното собрание, потенцирал Борисов обраќајќи им се на народните избраници од партијата.

И после денешните четири обиди, бугарското собрание не можеше да одбере нов претседател.