Компанија од контактите на Мицкоски ќе презентира понуда во петок

Една од компаниите предложени од опозицискиот лидер и официјално ќе ја презентира понудата во петок, во ЕСМ. Според сознанија на Мицкоски, вчера е потпишан ЕФЕТ договор за тргување со енергенси низ Европа.

За набавката на мазут, Мицкоски рече дека веќе е соопштена понудата од страна на компанијата, односно на кое било пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долари за тон, што според него, е квалитетна понуда, бидејќи на тој начин ќе се заштедат околу 10 до 15 милиони евра.

Министерот за економија изјави дека, ЕФЕТ договорот не значи ништо, тоа не е обврзувачки договор, туку е всушност меморандум за разбирање. Која компанија ќе биде избрана, ќе зависи од понудите што мора да бидат доставени до петок.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија и дека нема да го поддржат Законот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ. Тврдат дека во својата структура содржи услов дека, за тие средства да ги користи АД ЕСМ, односно Владата, Осломеј треба да биде затворен до крајот на 2023 година, а РЕК Битола до 2027 година. Со тоа, над 4.000 луѓе ќе останат на улица, а најмалку уште 40.000 кооперанти кои зависат од работата на овие два производни капацитети на базна енергија, ќе трпат последици. Затоа, најавија дека ќе ги користат сите можни алатки за блокада во Парламенотот, со цел  да не помине законот.