Околу 140.000 лица во Црна Гора живеат на работ на егзистенција, покажаа најновите податоци, јавува РТЦГ.
Со растот на инфлацијата се зголемува и бројот на оние кои сè потешко можат да си ги дозволат и основните намирници. Сиромаштијата секојдневно тропа на вратата на многумина. Таа не знае за граници, години, пол, вера или религија, наведува медиумот. Економската криза, но и пандемијата имаа влијание за бројот на сиромашни да забележи пораст.
Претседателката на Банка за храна, Марина Медојевиќ истакна дека секој трет жител живее во зона на сиромаштија, особено повикувајќи се на истражување од УНИЦЕФ, каде според податоците, сиромашно е секое трето дете во Црна Гора.
Од Црвениот крст изјавија дека во изминатата година има зголемување на семејства и поединци на кои потребна им е помош. Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека за борба против сиромаштијата потребна е координирана акција од сите институции.
Државниот секретар во Министерството, Дарко Стојановиќ нагласи дека борбата против сиромаштијата мора да биде широка акција.
– Првенствено Владата на Црна Гора, а потоа и министерствата што се занимаваaт со ова прашање, а не само Министерството за труд и социјална политика, подвлече Стојановиќ.