Синовите на Кадиров на фронтот во Украина

Членовите на семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров пристигнаа во окупираниот украински град Мариупол. На видеото кое го објави Некста се гледаат вооружените синови на Кадиров како позираат со пушки во рака.

Да потсетиме, чеченскиот лидер неодамна најави дека ќе ги испрати своите три сина, кои се на 14, 15 и 16 години, на фронтот во Украина да се борат заедно со руската армија.