Оливер Спасовски – актуелниот министер за внатрешни работи која ја извршуваше функцијата потпретседател во СДСМ утрово поднел оставка од функцијата во партијата.
Тој денеска информирал дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ, но од претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави нов тим.
Спасовски потенцира дека 28 години се вложувал во партијата и неговите најави се дека после 1. јануари ќе одлучи дали ќе остане во владиниот тим.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ е најавена за вечерва со почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.
Се очекува на ЦО новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер, како и да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ.