„ЕСМ снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи договорот да го склучат во нивниот дом.
Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за нив ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности“, посочуваат од компанијата. Наместо на еден од трите пункта во Скопје, корисниците на парното греење во главниот град ќе можат сами да ги пополнат обрасците на новите договори за снабдување со топлинска енергија кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ. Потоа, договорот во два примерока ќе треба да го предадат во еден од пунктовите на ЕСМ снабдување, притоа приложувајќи на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач.
„По заверка на договорот, од страна на ЕСМ снабдување, ќе им биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот“, соопшти ЕСМ.
Со новите начини на склучување на договорите, посочуваат од ЕСМ, ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна.
„ЕСМ снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи договорот да го склучат во нивниот дом. Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за нив ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности“, потенцираат од ЕСМ.
Заклучно со денеска до 11:00 часот, додаваат оттаму, склучени се 950 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.