Медарот Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, најслабиот директор на ЕЛЕМ, вели СДСМ

Медарот Христијан Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, впрочем како најслаб директор на ЕЛЕМ тоа граѓаните и многи добро го знаат. За време кога Мицкоски беше советник на Груевски а потоа и директор на ЕСМ, без никаква криза струјата поскапе за 100%. Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграен додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ. – изјавија од СДСМ.

Потенцираа дека Мицкоски си иградил хидроцентрали за себе, а за граѓаните не направил ништо. За разлика од криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ, во последните години ЕСМ изгради фотонапонска електрана во Осломеј од 10MW и ja интегрира гасната електрана Когел од 30MW. Значи ЕСМ за три години стави дополнителни 40MW во системот, потенцираа од партијата.

  • Во моментов се градат уште електрани, и сончеви, се шири ветерниот парк, и во постапка е Чебрен. Овозможивме со законот за енергетика да се градат приватни електрани од обновливи извори, тоа е исто така домашна струја во системот. Државата субвенционира 80% од сметките за струја за граѓаните и 72.000 фирми, Ковачевски ги покачи пензиите за сите 330.000 пензионери, ја зголеми минималната плата, реализира антикризен пакет вреден 700 милиони евра за помош на граѓаните и фирмите во време на криза. Мицкоски може да учи од Ковачевски што значи одговорно работење во енергетиката и што е вистинска грижа за граѓаните во услови на глобална енергетска криза. Рацете во медот, тендери и провизии, Мицкоски само за тоа се интересира, затоа и ништо не направил во сферата на енергетиката, ниту за граѓаните. – велат од СДСМ.